Продолжението на култната серија „Сексот и градот“ доби нови членови кои ви се познати

profimedia
Фото: Профимедиа

По објавата дека култната серија „Сексот и градот“ ќе добие ново руво дознавме дека од оригиналната постава ќе ги видиме трите пријателки, а ќе отсуствува една. Ова се четири нови познати лица кои ќе се појават во новото продолжение на култната серија „Сексот и градот“.

На прво најавените четири оригинални членови кои ќе ја репризираат својата улога: Сара Џесика Паркер која ја толкуваше Кери Бредшо, Синтија Никсон која ја паметиме по нејзиниот лик Миранда Хобс, Кристен Дејвис како Шарлот Јорк и Крис Нот со неговата улога на Џон Џејмс „Ѕверката“ Престон ќе им се придружат и неколку нови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by brunette in plastic (@2003brunette)

Стриминг сервисот „ХБО“ во средата објави дека Марио Кантоне (Ентони Марентино), Дејвид Еигенберг (Стив Брејди), Вили Гарсон (Стенфорд Блеч) и Еван Хандлер (Хари Голденблат) повторно ќе ги видиме во нивните улоги во „And Just Like That“, пренесува „People“.

instagram
Instagram

„Сите во серијата „And Just Like That“ се возбудени да ги продолжат приказните од „Сексот и градот“ со актерите што ги направија толку сакани“, изјави главниот продуцент Мајкл Патрик Кинг.

Сара Рамирез која ја играше Кели Торес во серијата „Вовед во Анатомија“ ќе се приклучи кон поставата на актери во новата серија. Нејзниот лик ќе се вика Че Дијаз и ќе биде небинарен квир комичар со популарен поткаст на кој гостува често Кери Бредшо.

Ким Катрал која претходно ја глумеше Саманта нема да ја репризира својата улога, на што авторката Кендис Бушнел изјави дека серијата „ќе функционира и без неа“.

Тие се враќаат: Во продолжението на „Сексот и градот“ ќе ги видиме тројцата главни машки ликови

Во продолжението на „Сексот и градот“ се враќа старата љубов на Кери Бредшо

„Сексот и градот“ без Саманта: Еве како ќе биде објаснето отсуството на омилената актерка од славната четворка!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот