Во продолжението на „Сексот и градот“ се враќа старата љубов на Кери Бредшо

Instagram
Фото: Принтскрин - ЈуТјуб/Инстаграм

На почетокот на годината, обожавателите на култната серија „Сексот и градот“ беа воодушевени од веста за повторното обединување на омилените хероини на сите времиња.

Актерките Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис уште еднаш ќе ги оживеат улогите што ги направија славни во новото издание на серијата со наслов „And Just Like That“.

Иако во новите епизоди нема да ја видиме актерката Ким Катрал, која ја играше улогата на Саманта Џонс, сега е откриено дека на овој возбудлив проект се приклучува и славниот американски актер Џон Корбет.

Во серијата „Сексот и градот“ 59-годишниот Корбет го отелотворува ликот на Ејдан, поранешниот свршеник на главниот лик Кери Бредшо, а во интервју за „Page Six“ тој откри дека се враќа во истата улога.

Во култната серија во продукција на „HBO“, Корбет го толкуваше несреќниот дизајнер на мебел Ејдан кој Сара Џесика Паркер во улогата на писателката Кери Бредшо го изневери со нејзиниот иден сопруг г-дин Биг кој го толкуваше актерот Крис Норт.

Во второто филмско продолжение на серијата, Кери налета на Ејдан за време на одмор во Абу Даби, а нивната средба успеа да ја разниша нејзината врска со нејзиниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨THE WEBNEWS (@the_webnews)

Актерката Ким Катрал, која го толкуваше ликот на заводничката Саманта Џонс, не прифатила да работи какви било идни проекти поврзани со серијата „Сексот и градот“ поради недоразбирања со актерката Сара Џесика Паркер.

Корбет ја прокоментира целата ситуација околу фактот што обожавателите на серијта се разочарани затоа што нема да ја видат Саманта, велејќи дека никогаш не забележал напнатост за време на снимањето на серијата, но истакна дека повеќето сцени ги снимал со Сара Џесика Паркер, додека само една снимал со другите хероини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Corbett (@johncorbettfan)

Тие секогаш беа љубезни со мене. Останатите девојки ги запознав малку подоцна, но секогаш имавме убави разговори“, откри актерот.

Ликот на г-дин Биг, кој со години го играше Крис Норт, очигледно, нема да го видиме во новите продолженија на серијата, но на социјалните мрежи тој навести дека сепак може да се појави во овој проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот