Тие се враќаат: Во продолжението на „Сексот и градот“ ќе ги видиме тројцата главни машки ликови

Profimedia
Profimedia

Крис Нот, Џон Корбет и Дејвид Ајденберг ќе ги репризираат своите улоги во „И само така“, продолжението на легендарната серија „Сексот и градот“. Како што пишува „Дејли мејл“, ликовите Ѕверка, Ејдан и Стив, кои им беа омилени на гледачите, особено на понежниот пол, повторно ќе ги гледаме, а тоа го потврдиле и од продукцијата.

Гледачите дефинитивно ќе ги видат Ѕверка, Ејдан и Стив. Љубовта на Кери Бредшо ќе биде играна од Крис Нот, Џон Корбет ќе ја репризира улогата на Ејдан, додека брачниот другар на Миранда, Стив повторно ќе го глуми Дејвид Ајденберг, изјавиле од продукцијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristy Volansky (@missworld1980)

Тие исто така откриле дека костимографката Патриција Филд, која беше одговорна за иконските креации на Кери Бредшо, нема да работи на новите епизоди. Причина за тоа се нејзините обврски на серијата „Емили во Париз“.


Што се однесува до Саманта, за која откако се дозна дека Ким Катрал одбила да ја игра, се шпекулираше дека ќе биде заменета со сосема друг лик, продуцените изјавија дека целосно ќе биде изоставена од продолжението. А објаснувањето е дека патиштата им се разделиле и дека сосема е нормално на 50 години да ги немаш истите пријатели кои си ги имал на 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот