Принцот Вилијам посетил дом за стари лица, а на прашањето кое му го поставила една баба тој немал одговор

Profimedia
Фото: Профимедиа

Кејт овојпат се најде на насловните страни од британските таблоиди поради една необична работа која се случила за време на кралската посета на еден дом за стари лица.

Кралското семејство е едно од оние семејства за кои прилично многу се зборува во светот.

Нормално, дополнителни приказни и теории произлегуваат и од заминувањето на принцот Хари и Меган Маркл во Америка, како и целата ситуација околу семејните односи. Меѓутоа, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, војводата и војвотката од Кембриџ се постојано под будното око на јавноста.

Кејт овој пат се најде на насловните страни на британските таблоиди поради една необична работа која се случила за време на кралската посета на еден дом за стари лица. Тие двајца посетиле установа за грижа за стари лица во Кардиф, а една старица поставила необично прашање.

Фото: Профимедиа

Дали е ова вашата помошничка?, го прашала Џоан Дру-Смит (87) принцот Вилијам на кого му било многу непријатно поради тоа прашање, наведуваат изворите кои се нашле на лице место, но паметната војвотка ја спасила целата ситуација.

– Па да, јас навистина сум му помошничка веќе некое време, изјавила Кејт со насмевка.

Вработените во домот на крајот изјавиле дека се испаднало симпатично, а дека Кејт била воодушевена од искреноста на старите лица и дека нејзината реакција била човечка и преземјена.

Сите биле воодушевени од нејзиниот одговор, а принцот Вилијам бил горд што таа брзо и умешно го спасила од непријатноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот