epa-efe
Принцот Вилијам и принцот Хари / Фото: EPA-EFE/LIONEL HAHN / POOL

Вилијам намерно се оддалечил од Хари додека се подготвува за тронот, тврди поранешениот батлер на принцезата Дијана

Поранешниот батлер на принцезата Дијана, Пол Бурел, тврди дека принцот Вилијам „многу повеќе се оддалечил од Хари отколку што луѓето мислат“ додека се подготвува да стане крал. Според него, ривалството меѓу браќата останува неразрешено и веројатно нема да се поправи наскоро, пренсува „Фокс Њуз“.

Бурел ја опишува ситуацијата во својата нова мемоарска книга, „The Royal Insider“, каде детално зборува за својата кариера во британското кралско семејство и за случувањата зад дворските врати.

„Патот на Вилијам е многу различен од оној на Хари. Колку што се приближува до тронот, мора да остане изолиран. Мора да биде во свет кој е затворен и заштитен. Не може да си дозволи информациите да излезат во јавноста. Да си крал значи да ја контролираш околината и да ја штитиш круната“.

Принцот Вилијам и принцот Хари / Фото: EPA-EFE/JESSICA TAYLOR / UK PARLIAMENT

Бурел додава дека Вилијам ја штити својата фамилија од можни нови информации од внатрешноста што ја дополнително зацврстува оддалеченоста со брат му.

„Нашата почината кралица прво ја ставаше круната. Тоа беше најважното во нејзиниот живот – круната, народот, Комонвелтот. Вилијам гледа поинаку, на прво место го става семејството, сопругата и децата, па потоа круната. Но, круната мора да се заштити“.

принц хари принц вилијам
Принцот Вилијам и принцот Хари / Фото: EPA-EFE/Yui Mok / POOL NO SALES

Бурел додава дека „вековната кралска историја мора да се заштити, а тоа ќе биде во рацете на Вилијам. Не може да си дозволи да се расипе додека тој ја контролира“.

И покрај тоа што Хари изјави дека сака помирување со семејството, Бурел е песимист: „Не мислам дека наскоро ќе има помирување, можеби некогаш. Премногу зборови се изговорени, премногу „валкана алишта“ се појавија во јавноста – тоа е непоправливо“.

Profimedia
Принцот Вилијам и принцот Хари / Фото:: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот