Прилепските борачки од „7 Мај“ со четири медали на меѓународниот турнир во Белград

фото: Wrestling Club 7 Maj Zlatna Raka

Прилепските борачки од „7 Мај“ учествуваа на меѓународниот турнир „Победник“ кој се одржа во Белград, Србија.

Прилепскиот клуб на овој силен турнир успеа да освои вкупно четири медали, од кои два златни и два бронзени.

Елена Дејкоска го освои првото место во категоријата до 46кг, а првопласирана беше и Тамара Цветкоска во категоријата 66 кг.

Бронза има Јована Тодороска во категоријата до 50кг, а во истата категорија третопласирана е и Ангела Трајкоска.

Свој настап имаше и Анабела Стојаноска која беше петтопласирана во категоријата до 50кг. Со овој турнир „7 Мај“ ја завршува оваа натпреварувачка година.

Борачите на „Спартак“ со два златни медали на меѓународниот турнир „Победник“ во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот