Борачите на „Спартак“ со два златни медали на меѓународниот турнир „Победник“ во Белград

фото: Wrestling Spartak Kocani

Македонскиот боречки клуб „Спартак“ настапи на меѓународниот турнир „Победник“ во Белград, Србија.

На овој турнир учествуваа 200 борачи од осум држави: Словачка, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Грција и Македонија.

Од нашата земја учествуваа неколку клубови, а „Спартак“ настапи со двајца борачи.

Даријан Павлев во категоријата 62 килограми го освои првото место, а со златен медал се закити и Павел Темелков во категоријата 68 кг.

Борачите на Спартак беа предводени од екипата на „Балканец“, со тренерите Иван Анакиев и Ангел Стефанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот