Причината за чудниот стајлинг на Лејди Гага е бременост? Пејачката сликана во Малибу, сите се прашуваат што е со нејзиниот изглед! (ФОТО)

Додека едни мислат дека таа едноставно избрала лош стајлинг, други пак се уверени дека е бремена.

Светски познатата пејачка Лејди Гага е уловена во Малибу во Калифорнија, повторно во ужасно лош стајлинг.

Таа беше во друштво на својот партнер Мајкл Полански, а биле уловени додека излегувале од ресторан.

профимедиа

Сепак, најмногу внимание привлече стајлингот на Гага. Таа доле не носеа воопшто никакви панталони, туку била по долна облека, а горе носела широк сив блузон, со што многумина се убедени дека всушност сакала да ја сокрие бременоста.

профимедиа

Имено, нејзиниот стомак навистина е испакнат, но се уште не е сигурно дали е труднички или не!

профимедиа

Од друга страна, многумина мислат дека станува збор само за лош стајлинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот