ПРЕДИЗВИК ОД 52 НЕДЕЛИ: Еве како да заштедите 1.400 евра за една година

Еден од најпопуларните начини за штедење на пари, кој може да се најде на интернет е наречен „Предизвик од 52 недели“ и со него од 1 јануари до 31 декември можете да заштедите речиси 1.400 евра.

Работата е многу едноставна – секоја недела на страна треба да ставите одредена сума на пари.

Почетокот на штедењето е толку лесен, што нема ни да почувствувате дека паричникот ви е полесен, а касичката потешка. Првата недела од новата година треба да заштедите само едно евро. Втората недела тоа ќе бидат две евра, третата три, четвртата четири. Тоа значи дека во јануари, месецот во кој парите сами ни летаат од рацете, треба да заштедите само 10 евра.

Прочитајте и...  Алесандра Амбросио импресионираше со стајлингот на семејната вечера во Малибу! (ФОТО)

Петтата недела од новата година (првата недела од февруари) треба да издвоите пет евра и така понатаму…

Дека навистина штедите би можеле да почувствате дури во април. Во април, евро по евро, за цел месец би требало на страна да оставите 56 евра.

Вистинскиот предизвик настапува во текот на летните месеци, односно за време на одморите, кога парите треба да ги понесете на одмор, но и да оставите доволна количина за по враќањето од одмор да живеете. Тогаш вашите таленти за штедење мораат навистина да излезат на виделина.

Како што поминува годината, така и неделните пари кои треба да ги тргнете на страна ќе се зголемуваат, се додека не дојдеме до месец декември. Во четирите последни недели, потребно е на страна да ставите цели 202 евра, што на многумина им изгледа за невозможно.

Прочитајте и...  Девојка забележала вистински хорор кога се вратила дома од карантин: Мислев дека дома ми се вселиле вонземјани! (ФОТО)

Сепак, целиот трик на ова штедење е на себе си да си го олесните декември, така што цела година ќе издвојувате некој ден повеќе од пропишаното кој мислите дека не би го потрошиле, или би го потрошиле на нешто глупаво. Па така ќе имате поддршка за овој месец во кој треба да се издвојат 202 евра според оваа тактика на штедење.

Дури и да не сакате да штедите во декември, доколку се придржувате до оваа табела, до 12-от месец во касичката би требало да ви останат 1176 евра, што е сосема доволно за добро патување или богата трпеза и бројни подароци, дури и ако тој месец имате некоја веселба, слава и сл. Доколку успеете да ги заштедите и тие 202 евра од месец декември за целата година ќе имате заштедено 1378, односно речиси 1400 евра.

Прочитајте и...  Мајката на Парис Хилтон изгледа неверојатно во шестата деценија: Таа е вистинска дама! (ФОТО)

Прочитај повеќе

Доделувањето на MTV музичките награди сепак ќе се одржи во Њујорк кон крајот на Август! (ФОТО)

Слободен Печат

Секој ден правел по 200 склекови, а резултатот после само еден месец бил неверојатен! (ФОТО)

Слободен Печат

Мајката на Парис Хилтон изгледа неверојатно во шестата деценија: Таа е вистинска дама! (ФОТО)

Слободен Печат

Анџелина Џоли после долго време забележана на прошетка: Лежерниот стајлинг кој го одобрија и критичарите! (ФОТО)

Слободен Печат

Ретко се релаксира и има слободно време – Вака изгледа Џенифер Лопез кога мисли дека никој не ја гледа (ФОТО)

Слободен печат

Се пофали со прекрасната линија во костим за капење: Брук Шилдс во 6-та деценија изгледа феноменално! (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Кога си ѕвезда, се ти е дозволено: Том Круз го избегна карантинот, се враќа на снимањето на „Невозможна мисија 7“

Слободен печат

Алесандра Амбросио импресионираше со стајлингот на семејната вечера во Малибу! (ФОТО)

Слободен Печат

Џулија Робертс сподели ретка фотографија со сопругот Даниел Модер за нивната 18-годишнина (ФОТО)

Слободен печат

Џенифер Греј се разведува по 19 години брак: Парот живее одвоено уште од јануари

Слободен печат

Девојка забележала вистински хорор кога се вратила дома од карантин: Мислев дека дома ми се вселиле вонземјани! (ФОТО)

Слободен Печат

Славеничкото издание на Меланија: Првата дама на Америка во бел фустан со детаљ кој ефектно ја обликува половината! (ФОТО)

Слободен печат