Познатиот актер ПОЧИНА на 36 години: Не го издржа СИЛНИОТ СРЦЕВ УДАР (ВИДЕО)

Фото: Илустрација/Архива

Актерот од серијата „IsiBaya“ и „Кралот на лавовите“ Андилe Гумби почина денес во 36-та година од животот како последица на силен срцев удар, пренесуваат странските медиуми.

Како што се наведува, тој во вторникот бил примен во болница во Израел каде снимал за продукцијата „Daniel The Musical“. За жал, денес е потврдена веста за неговата смрт.

Продукцијата објави соопштение на Фејсбук претходно оваа недела во кое наведоа дека неговата жена долетала во земјата за да биде покрај него.

„Во раните утрински часови состојбата му се влоши и тој претрпе срцев удар, но медицинскиот персонал на Медицинскиот центар „Shaare Zedek“ успеаа успешно да го оживее. Неговата состојба сега е критична“, стои во соопштението од вторникот.

Меѓутоа, само три дена подоцна, докторите не можеле ништо повеќе да направат.

„Растажени сме поради заминувањето на нашиот поранешен актер од „IsiBaya„ Андиле Гумби.

„Андиле беше многу талентиран со уште многу нешта што се уште можеше да и ги понуди на индустријата за забава. Наше длабоко сочувство до неговото семејство и пријателите“, порачаа неговите колеги во последното простување од актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот