Познати деталите за смртта на актерот Питер Грин: Пронајден во локва крв, покрај телото оставена „чудна“ порака
Американскиот актер Питер Грин е пронајден мртов во својот стан во Њујорк. Американските медиуми сега објавуваат нови детали за тоа што затекнала полицијата на местото на настанот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Питер лежеше на подот, свртен со лицето надолу, со повреди на лицето и крв насекаде“, изјавил негов сосед за „Њујоррк Дејли Њуз“ (New York Daily News).
Според истиот извор, во близина на неговото безживотно тело била пронајдена и необична порака со натпис „I’m still Westie“ („Сè уште сум Вести“), што, како што наведуваат медиумите, се поврзува со ирско-американска банда од 1970-тите години која дејствувала во населбата Хелс Кичен во Њујорк.
Новинарите на „Пејџ сикс“ (Page Six) го контактирале менаџерот на актерот за коментар, но тој засега не се огласил.
Питер Грин официјално бил прогласен за мртов во петокот, откако бил пронајден без свест во својот стан на Lower East Side. Од полицијата за „Њујорк пост“ (New York Post) изјавиле дека засега не постои сомнеж за убиство, но дека точната причина за смртта ќе ја утврди медицинскиот вештак.
Грин беше познат по улогите на негативци, а публиката особено го памети по настапите во филмовите „Маска“ и „Евтини приказни“.
Актерот Питер Грин е пронајден мртов во својот стан, беше најпознат по улогата во „Евтини приказни“


