Питер Грин / Фото: Profimedia

Актерот Питер Грин е пронајден мртов во својот стан, беше најпознат по улогата во „Евтини приказни“

Американскиот актер Питер Грин, најпознат по улогите во филмовите „Евтини приказни“ (Pulp Fiction) и „Маската“ (The Mask), е пронајден мртов на 60-годишна возраст, објави „Дедлајн“.

Веста за неговата смрт ја потврди неговиот менаџер Грег Едвардс, кој од актерот се прости со емотивна порака.

„Тој навистина беше еден од најголемите актери на нашата генерација. Имаше огромно срце. Многу ќе ми недостасува. Беше прекрасен пријател“, изјави Едвардс за „Њујорк пост“.

Според полициските информации, Грин бил пронајден без знаци на живот во својот стан во квартот Лоуер Ист Сајд во Њујорк, во петокот попладне околу 15.25 часот. Смртта била констатирана на лице место. Причината за смртта засега не е соопштена, но полицијата наведува дека нема индиции за насилна смрт.

Актерската кариера на Питер Грин, која траеше повеќе од три децении, најчесто беше обележана со улоги на негативци. Најпрепознатлив е по ликот на садистичкиот чувар и сериски убиец Зед во култниот филм на Квентин Тарантино „Евтини приказни“, како и по улогата на амбициозниот гангстер Доријан Тајрел во филмот „Маската“.

И покрај годините и богатата кариера, Грин и понатаму беше активен во филмската индустрија. Во јануари требаше да започне со снимање на трилерот „Маскоти“ (Mascots), во кој требаше да глуми заедно со Мики Рурк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот