Познати четвртфиналните двојки во ракометната ЛШ: Кил – ПСЖ во битка за завршниот турнир

Кристопанс со Вардар во 2019 година триумфира во ЛШ/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Со одигрувањето на двата денешни реванш осминафинални натпревари во ракометната Лига на шампиони, познати се сите учесници и двојки во четвртфиналето.

Екипата на ПСЖ е последна која обезбеди пласман во четвртфиналето откако во реваншот ја оправда фаворитската улога славеше со 37:30 над Елверум. Првиот натпревар во Норвешка заврши без победник 30:30.

Најрапсоложени за игра кај „светците“ беа поранешниот вардарец Кристопанс со седум гола, Конку со шест, а Пранди и Никола Карабатиќ дадоа по четири гола. Во редовите на Елверум, одличен беше Мое Нилсен со 10 постигнати голови. ПСЖ во двомечот за пласман на завршниот фајнал-фор ќе игра против германски Кил.

Актуелниот европски шампион Барселона денеска го доби противникот во четвртфиналето, тоа е германскиот Фленсбург кој успеа да ја зачува предноста од четири гола од првиот натпревар и во реваншот на гости кај Пик Сегед загуби со минимални 36:35.

Унгарците во финишот имаа предност од три гола (33:30), но гостите успеаја да искористат неколку грешки во нападот на домашниот тим да фатат резултатски приклучок кој на крајот им донесе минимален пораз и пласман во четвртфиналето.

Фримел со шест и Габер со пет гола беа најдобри кај Пик Сегед, додека во редовите на Фленсбург се истакнаа Годфридсон со седум и Гола со шест гола.

Претходно, Веспрем го доби двомечот со Вардар (30:22, 31:31) и си закажа пресметка со европскиот вицешампион Алборг, додека Виве Киелце ќе игра против Монпелје кој пак беше подобар од Порто (29:29,35:27).

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 11 мај, а реваншите на 18 мај, додека предноста на домашен терен, односно реваншите пред своите гледачи ќе ги играат Киелце, Алборг, Кил и Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот