Повторно се огласи првиот човек на Австралија Опен: Никој не е виновен за хаосот со Новак?!

Директорот на Австралија Опен, Крег Тили/ фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Првиот човек на Австралија Опен, Крег Тили, повторно се огласи поради ситуацијата во која се наоѓа Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер вечерва на полноќ по средноевропско време пред федералниот суд во Мелбурн ќе ја изнесе својата одбрана, откако австралиската влада му ја укина визата и четири дена се наоѓа во хотелот за мигранти „Парк“.

Тили гостувајќи во емисијата „9News Melbourne“ го изнесе сопственото мислење за целата ситуација и смета дека никој не е виновен.

– Никој не е виновен, постојано имаше лажни информации. Ние зборувавме со сите и бевме убедени дека ја правиме вистинската работа. Сите кои доаѓаат во Австралија мора да бидат вакцинирани и тоа е така. Јас никого нема да обвинувам и знам што можеме и мора да направиме. Од почетокот зборувавме дека приоритет ни е безбедноста на нашите државјани. Секој што доаѓа тука мора да биде одговорен и затоа донесовме одлука за вакцинација. За време на УС Опен процентот на вакцинирани тенисери и тенисерки изнесуваше 50 отсто, додека сега е 97% и тоа е наша заслуга. Кога дадовме можност за настап со медицинско изземање дојде до лажни информации и контрадикторности, па постојано добивавме барања како да дојдат играчите и да го добијат тоа изземање. Сите информации кои ги имавме им ги презентиравме на играчите, бевме многу блиску да се договориме со владата на Викторија околу медицинското изземање и играчите мораа да поминат две независни лекарски комисии – изјави Тили.

Првиот човек на Австралија Опен, нема дилеми околу можноста Новак Ѓоковиќ да добие дозвола од судот да настапи на гран слем турнирот.
Би сакал  да го видам тука и да игра – додаде Тили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот