Морган Вален настапува на сцената на музичкиот фестивал iHeartRadio 2022 година на 23 септември 2022 година во Лас Вегас, Невада. Мет Винкелмаер/Фото: Matt Winkelmeyer / Getty images / Profimedia

ВИДЕО | Скандал на концертот на познат пејач, маж уринирал врз семејство: „Почувствував прскање…“

Американскиот кантри пејач Морган Волен повторно се најде во фокусот на јавноста, но овој пат не поради инцидент што го предизвикал тој, туку од обожавател на неговиот концерт во Балтимор. Еден посетител обвинил човек дека уринирал врз неговото семејство во текот на настапот.

Трој Гревелдинг уживал во настапот на Морган со својата сопруга, братот и осумгодишната внука на стадионот „МиТ банк“ во саботата. Меѓутоа, нивната забава била прекината кога Гревелдинг и неговата сопруга наводно почувствувале како урина им прска по нозете. Кога Трој се свртел, видел маж кој наводно сè уште бил „откриен“.

Посетителот тврди дека мажот по инцидентот бил изнесен од обезбедувањето, но дека полицајците на сојузната држава Мериленд не можеле да го уапсат, бидејќи не биле сведоци на инцидентот. Меѓутоа, детектив од сообраќајната полиција на Мериленд реагирал на местото на настанот и го уапсил човекот пред станицата. Гревелдинг тврди дека истрагата е во тек.

Гревелдинг верува дека неидентификуваниот маж бил под дејство на алкохол, а вели и дека зборувал многу гласно и ги вознемирувал другите посетители пред да уринира по нив.

Портпаролот на полициската управа рекол за „Ти-ем-зет“ дека се „свесни за инцидентот“ и за видеото на кое Трој се расправа со полицијата.

„Постои активна и отворена криминалистичка истрага за овој случај“, рекол портпаролот.

Новиот инцидент на концертот на славната личност следи по низа други сомнителни однесувања поврзани со користењето тоалети на концертите. Неодамна, на социјалните мрежи се прошири видео на кое, се чини, е прикажан измет размачкан на подот на салата во текот на концертот на Ноа Каан во Филаделфија минатиот месец. Славниот музичар се огласи по концертот и напиша на Икс: „Ако мора да вршите голема нужда на концерт, ве молам, само одете во тоалет.“

 

ВИДЕО | Папараци ги прогонуваа Дуа Липа и Калум Тарнер во Париз: „Ова е навистина непријатно и исцрпувачки“

ФОТО+ВИДЕО | Фудбал, гламур и спектакл за паметење – планетарниот џет-сет го „украде шоуто“ на финалето на Светското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот