Повеќе од 20 отсто од холетите во Италија затворени за летната сезона

Повеќе од четвртина од хотелите во Италија ќе останат затворени во јуни и покрај излегувањето на земјата од блокадите по речиси три месеци рестриктивни мерки поради корона вирусот, а повеќе од 20 отсто ќе останат затворени во текот на целата летна сезона.

Раководствата на 26,8 отсто од хотелите во Италија донеле одлука нивните објекти да останат затворени и во јуни, се вели во извештајот  и се додава дека во план е 78,9 отсто од вкупниот број на хотели во Италија да бидат отворени во август. Исто така се додава и дека околу 118.000 лица останаа без својата сезонска работа во хотелиерството за време на мај поради ситуацијата со вирусот ковид – 19.

Одделни хотели кои веќе отворија во Фиренца, едно од најпопуларните туристички дестинации пред пандемијата, стравуваат бидејќи сега немаат доволно резервации.

Италија на 3. јуни ги отвори регионалните граници по три месеци мерки за ограничување на движењето, истовремено се дозволени посети од земјите од ЕУ и од Шенген зоната, меѓутоа први туристи се мнозинството Италијанци, а хотелите кои се отворени очекуваат странски туристи во јули и август.

Италија е прва земја во Европа која на почетокот на март воведе општ карантин, а постепеното олабавување на мерките започна по речиси три месеци целосна блокада.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот