Потврдата од докторот ме фрли во очај, но верувам во чуда: Џеси Џеј проговори за болеста со која се бори

Profimedia
Profimedia

Многу години не сакаше да ги открие деталите за својата борба, а за нејзината болест се до минатата година не знаеле ниту најмилите…

Славната пејачка Џеси Џеј со години крие дека води ботка со болест поради која таа не може да се оствари како мајка. Пејачката пред шест години дозна дека има проблем поради кој не може да остане бремена, но вели дека надежта никогаш не ја загубила и дека верува во чуда.

– Секогаш бев некој кој е отворен и искрен. Пред неколку години ми ја дијагностицираа таа болест.

„Таа потврда од докторот ме фрли во очај. Ми кажаа дека нема да можам да имам деца, но не верувам во тоа. Верувам во чуда. Не се откажувам“, изјави таа и додаде дека во последните години работи на себе, на здравјето и начинот на исхрана.

Во емотивниот говор пред неколку години таа најпрвин откри со каква болест се бори, а потоа ја отпеа „Four Letter Word” која зборува за тоа.

– Знаев дека ќе им помогне на жените и мажите кои се борат со неплодноста. Само тоа што некој познат јавно говори за тоа може да им помогне на оние кои не знаат како воопшто да го започнат разговорот за тоа, истакна Џеси.

Видео на денот