После Тим, Ѓоковиќ има две опции до првото место!

twitter.com/standardsport

Новак Ѓоковиќ загуби од Доминик Тим, што му ги намали шансите на Србинот да ја заврши годината на првото место на АТП ранг листата.

Иако Ноле го доби првиот сет, не можеше да го избегне пресвртот на Австриецот, кој и самиот призна после мечот дека ја одиграл најдобрата партија во кариерата.

Сега Ѓоковиќ ќе мора да триумфира над Рожер Федерер, што е прв чекор кон првата позиција, а воедно Рафаел Надал има важен меч против непредвидливиот Данил Медведев.

Српскиот тениски ас има само две опции да биде на светскиот трон, првата опција е Новак да го освои турнирот, но Рафа да биде елиминиран пред финалето во Лондон.

Втората опција е Новак да одигра барем финале, а Рафа да не победи до крајот на групата против Медведев и Циципас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот