Мејтленд Ворд - Фото: Инстаграм/ Maitland Ward Baxter

Поранешната ѕвезда на „Дизни“ откри колку носи индустријата за возрасни: „Заработувам шестцифрена бројка месечно на Онлифанс“

Поранешната ѕвезда на Дизни, Мејтленд Ворд, откри колкави се нејзините приходи од платформата „Онлифанс“ и ги спореди со парите што ги заработувала глумејќи во популарната серија „Момчето го запознава светот“ (Boy Meets World) кон крајот на деведесеттите години. Таа зборуваше за својата заработка за време на гостувањето во серијалот „Холивудски демони“ (Hollywood Demons), кој се занимава со темната страна на славата, пишува „Индепендент“.

Во епизодата со наслов „Полудени детски ѕвезди“, Ворд зборуваше за своето искуство со раната слава и патот што го поминала по напуштањето на серијата на почетокот на две илјадитите години. Во серијата „Момчето го запознава светот“ таа ја толкуваше улогата на Рејчел Мекгваер, цимерка на главните ликови, која брзо стана популарна меѓу гледачите. По таа улога и уште еден значаен ангажман во мејнстрим продукција, Ворд во 2019 година потпиша договор со агенција за таленти во индустријата за возрасни и започна нова кариера.

Вистинскиот деловен пресврт се случи за време на пандемијата во 2020 година, кога го откри огромниот финансиски потенцијал на платформата Онлифанс, чија популарност тогаш нагло порасна. Ворд, која денес има 49 години, ја спореди својата некогашна и сегашна заработка:

„За серијата ‘Момчето го запознава светот’ мислам дека заработував по 20.000 и или 25.000 долари по епизода“, изјавила таа.

И покрај оваа висока сума, таа се присети на постојаниот страв дека во секој момент може да добие отказ: „Не постојат никакви гаранции“.

Од друга страна, Онлифанс ѝ овозможува целосна контрола врз заработката, која, како што признава, достигнува „шестцифрена сума месечно“.

„Тука е и продажбата на моите филмови за возрасни и создавам сопствен бренд. Можам да го водам онолку долго колку што сакам.“

Ова не е првпат Ворд јавно да зборува за животот во индустријата за возрасни. Во минатогодишното интервју за „Фокс Њуз Дигитал“, таа тврдеше дека токму порнографијата ѝ овозможила да се чувствува посамоуверено во сопствената кожа.

„Да бидам гола сама со себе и да се чувствувам самоуверено во своето тело, тоа никогаш претходно не би можела“, изјави таа.

Ворд дополнително објасни како оваа промена влијаела на нејзиниот живот:

„Порнографијата навистина ми го пружи тоа, тоа зајакнување да бидам своја на своето, да можам да создавам проекти што ги сакам и да бидам горда на нив. Кога ќе успеете во тоа, се чувствувате многу посамоуверено бидејќи сте направиле нешто што никој друг не го направил“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот