Џејн Сејмур - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | Поранешната Бонд-девојка и денес изгледа одлично: Во пресрет на 75. роденден, Џејн ја откри тајната на својата самодоверба

Актерката Џејн Сејмур, која на 15 февруари ќе наполни 75 години, отворено зборуваше за стареењето и ја откри тајната на самодовербата што ја одржува со децении.

„Пред сè, сама си ја средувам косата и шминката. Сама си бирам облека, јадам умерено, никогаш не сум на луди диети и навистина сум среќна. Благодарна сум што сум жива“, изјави таа во интервју за „ФоксЊуз“.

Семјур која светската слава ја стекна како Бонд девојка, истакна дека е благодарна што има одлична работа и што работи со луѓе кои ги сака.

Актерката истакна дека се чувствува како да е во своите „најдобри години“.

Џејн Сејмур и Роџер Мур/Фото: kpa Publicity / United Archives / Profimedia

„Искрено, немам ни време за сè што моментално работам, лудо е. За среќа, имам енергија. Навистина сум благодарна. Никогаш не помислував дека на овие години ќе го правам тоа што го правам сега“, вели таа.

Сејмур откри и како планира да го одбележи својот 75. роденден.

„Ќе има многу настани. Сè уште не сум објавила официјално, но сигурно ќе организираме голема дводневна гала-вечер за „Open Hearts Foundation“. А што се однесува до самиот ден на роденденот, немам поим. Обично врне дожд, а и веднаш е по Денот на вљубените, па можеби ќе го направам истото што го правеше и британската кралица, ќе го славам ’службениот‘ роденден некој друг ден, кога ќе има сонце и сите ќе можеме да бидеме надвор“, откри актерката.

Џејн Сејмур – Фото: Инстаграм/janeseymour

 

Џејн Сејмур зад себе има повеќе од пет децении кариера во филмската и телевизиската индустрија. Се прослави со улогата на Солитејр во филмот „Live and Let Die“, каде Џејмс Бонд го играше Роџер Мур. Во текот на 70-тите и 80-тите години глумеше во бројни филмови и серии, меѓу кои и култната романтична драма „Somewhere in Time“ од 1980 година.

Во 1982 година го освои својот прв Златен глобус за улогата во мини-серијата „East of Eden“, а вториот го доби во 1996 година за легендарната улога во серијата „Dr. Quinn, Medicine Woman“, која се прикажуваше од 1993 до 1998 година.

Покрај актерството, Сејмур работела и како продуцентка и сценаристка, а активно е вклучена и во хуманитарна работа. Во 2010 година ја основа непрофитната организација „Open Hearts Foundation“, која поддржува иницијативи што им помагаат на луѓето животните тешкотии да ги претворат во сочувство и позитивни промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот