Полошто е од што очекувавме: ММФ издаде ново предупредување

ММФ предупреди голем број земји дека прогнозите се полоши од она што претходно било очекувано и дека во наредниот период дополнително ќе ја намали својата прогноза.

Меѓународниот Монетарен фонд најверојатно ќе ги ревидира своите проекции за глобалната економија поради развојот на ситуацијата во врска со Ковид – 19. Новата проекција ќе биде полоша од претходната.

Организацијата во април предвиде дека светската економија оваа година ќе се намали за три проценти.

Новата прогноза ММФ ќе ја објави на 24 јуни и таа најверојатно ќе ја претстави „исклучително предизвикувачката ситуација“ во економијата, изјави извршната директорка Кристалина Георгиева.

– Веројатно ќе ја ревидираме прогнозата кон долу и истата ќе се темели врз најновите показатели и податоци. Тие говорат дека поголем дел од земјите поминуваат полошо отколку што претходно предвидувавме, додава Георгиева.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот