Погледнете зошто треба да запалите ловоров лист во домот – За само 10 минути „магијата“ започнува (ВИДЕО)

Знаеме сите каква арома ловоровиот лист им дава на јадењата, но не сме знаеле досега дека оваа билка има широка примена и дека е благотворна и за здравјето.

Експертите тврдат дека ловоровиот лист е одличен против заморот бидејќи пробудува. Треба само да запалите неколку листови ловоров лист во просторијата во која седите, но не и пред спиење.

Ловоровиот лист ги прочистува дишните патишта и го ослободува секретот од белите дробови. Најдобро е свежи или суви листови од ловор да ги ставите во врела вода и да инхалирате.

Добар е и за оние кои страдаат од дијабетес тип два бидејќи само три грама дневно го намалуваат нивото на глукоза. Ловоровиот лист е добар и за варењето, потребно е да го измасирате стомакот по оброкот со масло од оваа билка.

Тој исто така е добар и за работата на срцето, како и за регулирање на лошиот холестерол во крвта, а се смета дека лекува и воспаление на зглобовите.

Еден од старите рецепти за уринарни инфекции е прав од ловоров лист помешан со млеко.
Ловоровиот лист обично сите го имаат во домот, некои го користат многу често како зачин во јадењата, некои го забораваат, но повеќето не знаат дека тој може да се користи и на овој начин.

Ловорот се користи како лековита билка веќе илјадници години, а старите Грци и Римјаните оваа билка ја сметале за света. Познато е дека победниците на Олимписките игри ги кителе на главата со ловоров венец, а симболичното значење на оваа митска билка било – чест и слава.

Сите тие квалитети кои и се препишани на оваа билка, говорат дека ловорот бил силно значаен за нашите претци, па мора за тоа да постои силна причина.

Иако денес го користиме главно како зачин, познати ни се и лековитите својства на листовите и бобинките од ловорот, а главните активни супстанци се пинен и цинеол, како и етеричните масла кои делуваат смирувачки.

Психоактивното дејство на ловорот е опишано во многу митови и легенди, погледнете го видеото и видете за што се може да ви помогне на овој начин запалениот ловоровиот лист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот