Почина познатиот актер!

Printscreen/Facebook

Утринава е пронајдено неговото тело.

Актерот Ерик Мичелс (54) пронајден е мртов во својот дом во Лондон, откако му била вбризгана прекумерна доза GHB – гама-хидроксибутерна киселина, која илегално се користи како „дрога за силување“.

25-годишниот Жерард Матов, наводно, му ја дал фаталната доза, откако дошол во домот на актерот, додека се пронашле на мрежата за запознавање на припадниците на LGBTQ популацијата – Гриндр. Жерард и неговиот соработник Брендон Данбар се обвинети дека 25 мажи запознале преку споменатата мрежа, со цел да им украдат материјални нешта и документи.

Ерик Мичелс откако во 2010 година се развел од сопругата, имал неколку долги врски, но во последно време се чувствувал осамено, пишуваат британските медиуми. Мичелс го повикал Жерард за секс, а тој во текот на ноќта ја фотографирал кредитната картичка на актерот, но и возачката дозвола и други лични документи.

Printscreen/Facebook

Членовите на семејството на актерот, кој пред неколку години се појави во филмот за Џејмс Бонд – Скајфол, го пронашле утринава неговото тело, а обвинетиот е идентификуван според ДНК анализа и трагите на шприцот.

Жарард признал дека таа ноќ бил со Ерик, но негира дека го убил, додека на суд биле приложени докази дека Жерард и неговиот соработник, меѓу останатото, на една од жртвите и вбризгале дрога во грбот, без нејзино согласување. Судењето е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот