Пет години од смртта на музичкиот гениј Дејвид Боуви: Можеби го нема повеќе, но светот сè уште не го пушта целосно да замине

дејвид боуви
Фото: Профимедиа

Овој 10-ти јануари навршуваат пет години од смртта на Дејвид Боуви. Неговата музика и неговиот стил остануваат незаборавени засекогаш, пишува DW.

Шокот во музичкиот свет беше голем кога на 10 јануари 2016 година излезе веста : „Почина Дејвид Боуви!“. Британскиот музичар почина од рак дијагностициран 18 месеци претходно. Малкумина беа запознаени со тоа, а веста потполно ј изненади јавноста: Само два дена претходно, на својот 69-ти роденден, Боуви го објави својот 25-ти студиски албум „Blackstar“.

Фото: Профимедиа

За „Blackstar“, седумте мрачни песни, често се тврди дека се всушност простување на Боуви од музичкиот свет. Но тоа го негираат неговите познаници, особено поради фактот дека Боуви во тоа време веќе работел на следниот албум.

Фото: Профимедиа

Дејвид Боуви зад себе остави уникатно дело. На почетокот на 70-те тој влезе во музичкиот свет во блескав костум како „Ziggy Stardust“. Набрзо потоа го отфрли своето алтер его и создаде целосна спротивност на Зиги – човек во одело и со перфектно средена фризура.

Низ децениите, Дејвид Роберт Џоунс отсекогаш повторно се создаваше, визуелно и музички.

Фото: Профимедиа

Токму за неговиот роденден на 8 јануари, бендот Дуран Дуран објави своја верзија на „Five years“, еден од најголемите хитови на Дејвид Боуви. На концетот во живо во ноќта меѓу 8 и 9 јануари под називот „A Bowie Celebration: Just for One Day! настапија многу славни музичари.

Дејвид Боуви, кој на 8 јануари 2021 година би наполнил 74 година, остана мистериозен музички гениј, и покрај своето големо медиумско присуство.

Фото: Профимедиа

„Да гледате повеќе и чувствувате помалку, да кажете не, а да мислите да, ова е се што некогаш сум го мислел, тоа е пораката која ја испратив“, пее Боуви во „Не можам да дадам се“, во последната песна од последниот албум.

Очигледно е дека не мораше да открие се: Дејвид Боуви живее во својата музика.

Дејвид Боуви можеби го нема повеќе, но светот сè уште не го пушта целосно да замине!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот