Палатата најави: Ќе бидат прикажани досега невидени фотографии од младоста на кралицата Елизабета
Досега невидени фотографии од британската кралица Елизабета од младите денови, пред таа да стапи на престолот, ќе бидат прикажани во новиот документарец кој ќе се емитува на крајот на овој месец, соопштија вчера од Бакингемската палата за Би-Би-Си.
Телевизиската програма на 29 мај за време на која ќе се емитуваат делови од домашни снимки од кралицата додека била принцеза, од нејзината приватна збирка, ќе бидат најава на прославата за 70 години од нејзиното владеење.
View this post on Instagram
„Овој документарен филм го отвара погледот во многу интимна страна на кралското семејство, која ретко можеме да ја видиме, прекрасно е што ќе биде споделен со јавноста по повод нејзиниот платинес јубилеј“, изјави уредниот на Би-Би-Си задолжен за историските снимки на Симон Јанг.
View this post on Instagram
Продуцентите погледнале повеќе од 400 филмови, вклучувајќи ги и снимките на државните настани, а преслушале и повеќе од 300 кралски говори, изјавија од Би-Би-Си.
View this post on Instagram
Меѓу сликите може да се најде и таа на кралицата Елизабета како со насмевка го покажува прстенот кој и го дал принцот Филип, кој почина минатата година на 99 години, пред веридбата да стане јавна.
Кралицата Елизабета Втора има 96 години.
View this post on Instagram