Пакјао како вино, и на 40 години со шампионски појас (ВИДЕО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Пакјао како вино, и на 40 години со шампионски појас (ВИДЕО)

Мани Пакјао се врати на неговите најдобри години со импресивни перформанси против шампионот на ВБА во велтер категорија, Кит Турман.

Филипинската боксерска легенда го победи својот 30-годишен американски ривал по одлуката на судиите во возбудлива битка од 12 рунди во Лас Вегас, Невада. Така, стана најстариот шампион во ВБА во велтер категорија.

40-годишниот боксер го сруши својот непобедлив противник во првата рунда и не ја пропушти иницијативата до крајот на натпреварот.

Двајца од судиите дадоа 115:112 во корист на Пакјао, додека третиот пресуди 113:114 за Турман.

На тој начин Филипинецот веќе има биланс од 62-7-2 (39 со нокаут), додека Турман го забележа својот прв пораз во кариерата и сега има 29-1 (22 со нокаут).

Турман не се жалеше на судиските одлуки, но веднаш после завршувањето на борбата побара реванш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close