Овие јатки се најголемите чувари на вашето срце

Намалете го ризикот од срцеви заболувања со консумирање на јаткасти плодови…

Со цел да ги избегнете овие проблеми кои можат да ве чинат живот, би требало редовно да консумирате јаткасти плодови.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Харвард покажа дека консумирањето на јаткасти плодови може да ви помогне да ја избегнете смртта од срцевите болести.

Кај лицата кои консумирале најмногу јаткасти плодови (30 гр дневно) ризикот бил за 39 проценти понизок во споредба со оние кои внесувале најмалку.

Здравите масти кои се содржани во овие плодови го намалуваат лошиот холестерол во крвта, додека другите супстанци им помагаат на крвните садови да се рашират, што ја олеснува циркулацијата.

Значи, јадете 30 гр дневно јаткасти плодови, што значи 15 зрна фстаци, 24 зрна кикирики, 12 бадеми, 9 индиски ореви или 7 ореви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот