Отуѓениот син на Бекамови планира да посвои дете: „Скршени се, нема да имаат контакт со внукот“
Бруклин Бекам и неговата сопруга Николa Пелц наводно планираат да имаат многу деца, но барем едно од нив сакаат да го посвојат, тврдат извори блиски до парот. Се чини дека Дејвид и Викторија Бекам наскоро би можеле да станат баба и дедо, но со оглед на нарушените односи со нивниот најстар син Бруклин, сè поизвесно е дека нема да имаат контакт со своето прво внуче.
Препорачано
Според информациите, детето можеби нема да има ниту крвна врска со нив, бидејќи Бруклин и Николa се одлучиле за посвојување.
Интересно е што во својата обемна објава на Инстаграм од пред еден месец, која имаше дури шест страници, нивниот отуѓен син посебно ја истакна „идната фамилија“ што ја планира со сопругата. Извор близок до парот, кој моментално живее во САД, изјавил дека тие веќе воделе неколку сериозни разговори за одгледување дете кое биолошки не е нивно, пишува „Сан“.
„Ова е тема околу која Николa и Бруклин се целосно согласни. И двајцата сакаат многу деца и барем едно да биде посвоено. Свесни се дека доаѓаат од средина со огромни привилегии и искрено сакаат да возвратат, нудејќи на бебе или дете од тешки услови најдобар можен живот. Николa неодамна ослабе на 42 килограми за својата најнова филмска улога, па во моментов не размислува за биолошка бременост. За сето ова разговарале детално“, открива изворот.

Од друга страна, Дејвид и Викторија се познати како луѓе кои семејството го ставаат на прво место. Според друг извор:
„Тие ја обожаваат идејата да станат баба и дедо и сосема е разбирливо што дури се прашувале дали Николa воопшто планира да има деца, по нејзините изјави. Како луѓе што се исклучително ориентирани кон семејството, длабоко би ги погодило ако немаат никаква улога во животот на потенцијалното внуче. Самата помисла дека за посвоено бебе би дознале преку Инстаграм им е незамислива, но, за жал, тоа е многу реално сценарио.“
Инаку, Бруклин минатиот месец беше во фокусот на вниманието кога јавно ги обвини родителите дека биле против неговиот брак и отворено проговори за својата долгогодишна борба со анксиозноста. Со нив не разговара веќе осум месеци, но не само со нив, туку ниту со своите браќа, па дури ни со 13-годишната сестра Харпер.
Да потсетиме, и Дејвид и Викторија станаа родители многу млади, Бруклин го добија кога имаа 23, односно 24 години.


