Осум ракометари го имаа последниот меч во дресот на Вардар 1961

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Ракометарите на Вардар 1961 го обезбедија пласманот во четвртфиналето на СЕХА лигата, откако попладнево одново ја победија екипата на Металопластика од Србија овој пат со резултат 26:23 (14:11).

Вчера на првиот натпревар одигран исто така во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје триумфираа „црвено-црните“ со 39:31.

На тој начин со две победи Вардар оди во следната фаза од регионалното натпреварување, односно во четвртфиналето ќе ги одмери силите противв хрватскиот клуб ППД Загреб.

Останатите четвртфинални парови се: Е. Пелистер – Мешков Брест, Татран Прешов – Мотор Запорожје и Нексе – Веспрем.

Денешниот меч беше последен за осум играчи во дресот на Вардар 1961, тие се Иван Чупиќ, Глеб Калараш, Кристијан Дисингер, Марко Кизиќ, Ловро Јотиќ, Васко Шеваљевиќ, Јосип Векиќ и Робин Кантегрел, а покрај нив си заминува и тренерот Стевче Алушовски кој ќе биде заменет од веќе најавениот Веселин Вујовиќ.

Михајловски: Доколку не го презедов Вардар од Самсоненко, клубот ќе згаснеше

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот