Михајловски: Доколку не го презедов Вардар од Самсоненко, клубот ќе згаснеше

Михајловски се раздели во Вујовиќ по серијата слаби резултати на Вардар/ Фото: слободен печат

Првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски очекува Вардар во следната сезона во која ќе игра во Лигата на шампионите, како и во СЕХА лигата, да биде посилен од оваа сезона. Екипата е засилена во однос на минатата сезона.

– Од март, април годинава почнавме да ја подготвуваме екипата за следната сезона. Како човек кој долги гоини е во ракометот, убеден сум дека Вардар ќе биде посилен за 30 проценти, а доколку го додадам и Вујо, тогаш ќе бидеме за 40 провенти посилни. Амбициите за следната сезона остануваат исто, топ осум во ЛШ, финале во СЕХА Лига против Веспрем кој реално е поквалитетен од нас – вели Михајловски.

Првиот човек на Вардар вели дека завршената сезона претставуваше голем предизвик за него бидејќи се играше во време на пандемија на коронавирусот но и дека го спаси клубот од згаснување со тоа што го презеде клубот од Сергеј Самсоненко.
– Доцна го презедовме клубот од Сергеј Самсоненко кој направи фантастични резултати во Европа, стана двоен европски шампион. Тој сакаше да си замине, и доколку не се нафатив да се вратам клубот ќе згаснеше. Во договор со државните институции одличивме да направиме што можеме да напреавиме, а со тренерот Стевче Алушовски зацртавме четири цели, двојна круна во Македонија, пласман во топ осум во ЛШ и финале во СЕХА Лигата. Тие цели делумно ги остваривме бидејќи ја освоивме двојната круна во Македонија, додека во СЕХА лигата ќе мора да одиме по потешкиот пат за да стигнеме до финалето и дуелот против Веспрем најверојатно.
Што се однесува до екипата за следната сезона, екипата ќе биде посилна за 30 проценти- додава Михајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот