Осака има шампионски амбиции во Токио, сигурен настап на фаворитите кај мажите

EPA-EFE/WU HONG

Јапонската тенисерка Наоми Осака и во второто коло од тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио прикажа одлича партија и се пласира во осминафиналето откако во два сета со 6:3,6:2 ја совлада Швајцарката Викторија Голубиќ.

Втората тенисерка на ВТА ранг листата имаше проблеми со својот сервис, но сепак не дозволи ниту еден брејк, додека беше далеку посигурна на сервисот на противничката. Првиот сет беше решен во осмиот гем кога Осака направи брејк и потоа на свој сервис дојде до водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет, Осака беше поубедлива, поведе со 4:0 и рутински обезбеди пласман во осминафиналето каде противничка ќе и биде Вондрушова од Чешка која со 6:1,6:2 ја победи Бузарнеску од Романија.

Сигурен настап имаше и Гарбине Мугуруза која за нешто повеќе од еден час игра со 6:3,6:0 ја победи Кинеската Кјанг Ванг и во осминафиналето че игра со Белгијката Ван Ујтванк која направи изенадување со победата нас Петра Квитова со 5:7,6:3,6:0.
Марија Сакари, Анастасија Пављученкова, Камила Џорџи исто така обезбедија пласман во осминафиналето откако работата во второто коло ја завршија во два сета.

На машкиот олимписки турнир, сигурен настап имаа фаворитите Александер Зверев и Данил Медведев. Зверев со 6:2,6:2 го победи Колумбиецот Галан Риверо, додека Медведев му дозволи само три гема на Индиецот Нагал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот