Орешкова со бронза на Европското кик бокс првенство за кадети и јуниори

Голем успех на македонскиот кик бокс на ЕП во Будва/Фото: facebook.com/DENI214LS/Radoviski sportski mozaik

Македонската кик бокс репрезентација учествува на Европското првенство за кадети и јуниори во Будва, Црна Гора.

На овој настап партиципираат вкупно 1163 кикбоксери, со 1466 натпреварувачки влезови од 39 држави.

Олгица Орешкова во категоријата јуниорки, дисциплина Лоу Кик (-48 кг.) успеа да го освои бронзениот медал.

Во полуфиналната борба нашата натпреварувачка со резултат 3:0 загуби од Русинката Кристина Иудина.

Финалето во К-1 обезбеди Миа Тодорова (-65 кг.) која за златото ќе се бори против Пеливан Ашегул од Русија.

Претходно Тодорова со 3:0 успеа да ја совлада Донета Менџики од Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот