Орбан најави договор со Синофарм: Чекавме да видиме како ќе помине вакцинацијата во Србија

Виктор Орбан/ Фото: EPA/FILIP SINGER

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта можеби ќе потпише договор за купување на кинески вакцини против коронавирус денеска или утре и додаде дека земјата чекала да види како ќе помине масовната вакцинација со кинеската вакцина во Србија.

Србија на почетокот на јануари доби милион дози кинески вакцини од Синофарм и така стана првата европска земја која започна програма на масовна вакцинација со таа вакцина, пренесува Ројтерс.

Орбан за државното радио рекол дека тој самиот ќе ја избере кинеската вакцина, бидејќи на неа најмногу и верува.

Унгарија така би станала првата земја членка на ЕУ која би ја примила кинеската вакцина ако ја одобрат унгарските власти, а минатата недела стана и првата држава во ЕУ која ја купи руската вакцина „Спутник V“

Првата испорака на Синофарм би можела да содржи милион дози. Орбан рекол дека Унгарија би можела да вакцинира околу 1,7 милиони луѓе до март.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот