Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Опра Винфри му нуди 1,5 милион евра на Швајнштагер за интервју за разводот од Ана Ивановиќ?

Регионалните медиуми пишуваат дека американската водителка Опра Винфри му понудила дури 1,5 милион евра на Бастијан Швајнштагер за ексклузивна исповед за разводот од поранешната тенисерка Ана Ивановиќ.

Наводно, тимот на Винфри веќе неколку недели се обидува да воспостави контакт со некогашниот германски репрезентативец, бидејќи таа ја подготвува „најинтимната сезона“ на својата емисија.

Веста брзо стигнала и до Ивановиќ, која, според блиски извори, не е наклонета кон сензационализам, но ја разбира глобалната заинтересираност за нивната приказна.

Таа ќе го почитува изборот на Швајнштагер доколку реши да се појави во шоуто, но се надева дека нема да се откриваат приватни детали од нивниот брак.

Разводот на некогашниот најпознат спортски пар долго беше тема на медиумски шпекулации, а токму тоа, според продуцентите, ја прави исповедта на Швајнштагер особено привлечна за Опра и за публиката ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот