Одлуката да дозволат публика на трибини ќе им се одбие од глава, се повеќе српски спортисти позитивни на корона

10 June 2020. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Последни кои се жртви на олабавувањето на мерките се судијата кој ја делеше правдата на вечното белградско дерби и кошаркарската репрезентација.

Најавите дека Србија го победи коронавирусот и дозволи одржување на спортски настани пред публика ќе им се одбијат од глава на здравствените и политичките власти, бидејќи секојдневно се зголемува бројот на заразени спортисти.

Последни жртви на олагавувањето на мерките се кошаркарската репрезентација на Србија и фудбалскиот судија Новак Симовиќ кој ја делеше правдата на белградското вечно дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда.

Кошаркарската репрезентација на Србија неделава требаше да замине на подготовки, но по позитивните тестови на Никола Јанковиќ од минатата недела и на Стефан Ѓорѓевиќ од вчера, откажани се подготовките.

„Оваа одлука КСС ја донесе водејќи сметка за безбедноста на играчите и со желба тие да не се изложуваат на никаков ризик од зараза со коронавирусот“
, објави Кошаркарската федерација на Србија.

Новак Симовиќ пак го судеше дербито помеѓу Партизан и Црвена звезда, а поради позитивниот тест кој не беше во конкуренција да суди натпревари во последното коло. Освен Новак, позитивен на ковид-19 е и неговиот брат Милош кој исто така е фудбалски судија.

Навивачи на натпреварот Партизан – Црвена звезда/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претходно викендов, Црвена звезда објави дека дури пет фудбалери се позитивни на коронавирус, Марко Гобељиќ, Његош Петровиќ, Душан Јованчиќ, Марко Контар и Брако Јовичиќ, а четворица од нив играа на натпреварот против Партизан кога на трибините имаше околу 20.000 навивачи и тоа беше првиот спортски натпревар во Србија кој се играше пред публика.

Петтемина фудбалери биле во контакт со поранешниот капитен на Црвена звезда, Вујадин Савиќ, кој потврди дека е позитивен на коронавирус, а позитивен е и селекторот на пионерската репрезентација на Србија, Мирко Буњевчевиќ.

Ватерполо федерацијата на Србија исто така објави дека ги прекинува сите репрезентативни активности поради позитивните тестови на селекторот Дејан Савиќ и на ватерполистот Стефан Вицо.

Дејан Савиќ/EPA/TAMAS KOVACS

Коронавирусот влезе и кај одбојкарите, дури тројца актуелни репрезентативци на Србија, Атанасиевиќ, Лисина и Лубуриќ се позитивни, како и поранешниот репрезентативец Росиќ.
Кај тенисерите позитивен е Виктор Троицки исто како и неговата бремена сопруга, а „Адриа Тур“ кој се играше во Белград и во Задар е откажан по позитивниот тест на Григор Димитров.

Со сиве овие позитивни случаи на коронавирус се покажа дека одлуката на српските власти да ги олабават мерките непосредно пред изборите се покажаа фатални за спортот и спортистите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот