Одличен оброк во летните денови – Подгответе си крем супа од сладок компир

Фото: Профимедиа

Состојки:

100 грама кромид

500 грама благ компир(батат)

250 грама бело пилешко месо

50 грама масло за јадење

малку сол

црн бибер

мешан сув зеленчук

500 милилитри вода

500 милилитри павлака за готвење

Подготовка:

Во тава на оган ставете малку масло за јадење а потоа во него додадете го ситно исечканото бело пилешко месо. Додадете сол и црн бибер и продолжете да го пржите околу 10 минути. Вака подготвеното месо, извадете го од тавата и тргнете го на страна. Во истата тава, на истото масло, кратко пропржете го ситно исечканиот кромид и бататот кој сте го исечкале на коцки. Намирниците зачинете ги со црн бибер, сол и мешан сув зеленчук.Оставете ги намирниците кратко да се пропржат а потоа во нив, додадете го потребното количество вода. Оставете го бататот комплетно да се свари. Откако ќе омекне, со рачен блендер убаво измиксирајте ја смесата. Откако крем супата ќе стане компактна, во неа додадете ја павлаката за готвење. Варете уште неколку минути. На крај, вратете го во садот и претходно прженото бело месо. Со тоа крем супата е готова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот