Одбојкарките на Турција го изненадија олимпискиот шампион, Србија лесно со Доминиканска Република

EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Женската одбојкарка репрезентација на Турција со победа го започна настапот на Олимписките игри во Токио. Во првото коло во рамките на групата Б, турските одбојкарки ја декласираа Кина која е олимписки шампион во три сета и тоа со 25:21,25:14,25:14.

Шампионките од Рио де Жанеиро не успеаја да ги загрозат Турчинките кои доминираа во секој сегмент од одбојкарската игра. Кинеските одбојкарки се заканија само во првиот сет кога освоија 21 поен, додека во наредните два сета освоија по 14 поени. Ебрар Каракурт со 18 поени беше најдобра кај Турција каде се истакна и Еда Ердем Дундар со 13 освоени поени.

Актуелните светски и европски шампионки, одбојкарките на Србија со убедлива победа го започнаа настапот на Игрите во Токио. Избраничките на селекторот Зоран Терзиќ во рамки на групата А со 3:0 во сетови и тоа со 25:18,25:12,25:20 ја совладаа Доминиканска Република.

Сигурен настап имаа и одбојкарките на Италија и на САД. Италијанките предводени од Паола Егону во три сета ја совладаа Русија, додека САД исто така во три сета ја победи Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот