Одбојкарите поразени од европскиот шампион Србија

фото: ОФМ

Одбојкарската репрезентација е поразена од 3:1 во сетови од европскиот шамион Србија во првиот од двата контролни натпревари пред настапите во Европската сребрена лига.

Одбојкарите денеска во Врњачка бања го загубија првиот сет со 25:19, вториот со 25:20, а третиот со 25:18 по што селекторите на двете репрезентации одлучија да одиграат уште еден, и  во него нашиот тим беше подобар со 25:21.
Македонските одбојкари утре ќе имаат уште шанса за квалитетна проверка, овој пат со Б репрезентацијата на Србија, натпреварот ќе се одигра во Велико Градиште.

По контролите против европскиот шампион, избраниците на селекторот Матијашевиќ ќе се вратат во Струмица за да ги одработат завршните тренинзи пред шестиот настап во Европската сребрена лига.
Првиот турнир ќе се игра 21. до 23. мај во салата „Парк“, а репрезентацијата ја очекуваат натпревари со Данска, со Кипар и со Израел. Без разлика на резулатите во групната фаза во којашто организатор на турнир ќе биде и Данска, Македонија ќе биде дел од завршниот турнир бидејќи одбојкарската федерација на Македонија ја ја доби довербата да биде организатор на истиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот