Одбојкарите нема сили за пресврт, загубија во пет сета на гостувањето кај Романија

Фото: facebook.com/volleyballmkd

Одбојкарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од 3:2 во сетови и тоа со сета 25:22, 25:17, 23:25,19:25, 15:13 на гостувањето кај Романија во рамки на второто коло од Европската сребрена лига.
Одбојкарите губеа со 2:0 во сетови, успеаја да се вратат и да се изборат за одлучувачки петти сет во кој по голема борба загубија со 15:13.

Избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ лошо го започнаа мечот во Галати и по два сета имаа негатива од 2:0, но во третиот сет заиграа далеку подобро и најавија дека нема лесно да се предадат.

Иако губеа се до финишот од сетот, македонските одбојкари успеаја да направат пресврт и да слават со 23:25. Одличната игра продолжи и во наредниот сет кој одбојкарите го добија со 19:25 и се изборија за одлучувачки петти сет во кој немаа сили да направат целосен пресврт и на крајот загубија со 15:13.

Капитенот Никола Ѓоргиев беше најдобар со 11 освоени поени, додека кај Романија се истакна Адриан Ачобаниети со исто така освоени 11 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот