Ново вкусно залче за љубителите на акциони филмови: Се појави трејлерот со Рајан Рејнолдс (ВИДЕО)

принтскрин

Новата акциона авантура на Мајкл Беј, популарниот режисер на блокбастери како што се Армагедон, Трансформери и Лоши момци е наречена 6 Underground.

Јунаци во неговиот нов филм се шест милијардери кои ја лажираат својата смрт и стануваат осветници кои се пресметуваат со најмоќните светски криминалци.

Главната улога во филмот му припадна на Рајан Рејнолдс, а друштво пред камерата му прават уште Мелани Лорен, Мануел Гарсија-Руфло, Адриа Архон, Бен Харди и Кори Хокинс.

Нетфликс објави дека филмот 6 Underground премиерно ќе биде прикажан на овој стрим сервис на 13 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот