Новите траги од Малчанскиот бербер ги доближуваат надлежните до киднапираната Моника

Фото: Српско МВР

Девојчето Моника Каримановиќ (12) од околината на Ниш, која исчезна на 20 декември на пат до училиште, последен пат е видена со сексуалниот престапник Нинослав Јовановиќ, познат како Малчанскиот бербер, во селата во близина на град Књажевац, а тоа за српскиот портал „Телеграф“ го потврдуваат жителите на ова место.

Еден жител објасни дека девојката и човекот стигнале до селото Миљковац во саботата наутро.

– Тие тука преспаа, зад оваа куќа. Следниот ден жената што живее во оваа куќа забележала дека јаделе леб, имало и некоја скршена тегла – вели жител на селото.

Додава дека следниот ден во 6.30 наутро, наминале друг жител на селото.

– Барале вода и наводно им се расипал камионот. Тогаш прашал каде е патот за Орешац. Тие му објасниле, а тој прашал дали има пократок пат – наведува соговорникот на „Телеграф“.

Денес во Миљковац имаше голема бројка на полицајци и припадници, кои го пребаруваа теренот и напуштените куќи, во обид да му влезат во траг на киднаперот.

Претходно денес, српските медиуми објавија дека денес се одвива масовна потрага во местата во кои се верува дека киднаперот Нинослав Јовановиќ се движи со девојчето.

МАСОВНА МОБИЛИЗАЦИЈА ВО СРБИЈА: 600 луѓе, камери и дронови трагаат по педофилот кој киднапираше девојче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот