МАСОВНА МОБИЛИЗАЦИЈА ВО СРБИЈА: 600 луѓе, камери и дронови трагаат по педофилот кој киднапираше девојче

Фото: Jelena Rafailović/Kurir.rs

Во текот на ноќта повеќе од 300 припадници на полицијата од Ниш и Зајечар, Интервентната полиција, специјалните единици со кучиња, Граничната полиција, ловци, доброволци и жители темелно ја „чешлаа“ секоја педа на селото и околината Орешац, подрачје во кое се верува дека се крие Малчанскиот бербер, осудуваниот силувач и педофил Нинослав Јовановиќ (46) од селото Малча во близина на Ниш.

Фото: Српско МВР/Нинослав Јовановиќ

Се верува дека Јовановиќ минатиот петок ја киднапирал Моника Каримановиќ (12) од Суви Дол во близина на Ниш, додека одела накај училиште. Случајот веднаш е пријавен на полицијата, а потрагата трае веќе со денови.

Ситуацијата драстично се промени во вторникот, кога полицијата ѝ соопшти на јавноста во Србија дека за исчезнувањето на девојчето главен осомничен е токму Малчанскиот бербер. Оттогаш, според српски „Курир“, започна досега невидена потрага по девојчето, не само според бројот на луѓе вклучени во заргледување на теренот, туку и по технологијата која се користи.

Српските медиуми денес информираат дека во потрагата ќе се прошири, и дека во неа ќе учествуваат 600 лица. Освен полцијата, по 12-годишната Моника ќе трагаат 100 ловци, пожарникари, Граничната полиција, но и бројните жители, сите во надеж дека девојчето што побрзо ќе биде пронајдено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот