Новата социјална мрежа на Трамп не ја бива: Откако беше лансирана, сите се жалат на бавниот перформанс

Доналд Трамп/ЕПА/ЕФЕ
EPA-EFE/MICHAEL WYKE

Корисниците на социјалната мрежа која Доналд Трамп ја лансираше во понеделникот, се жалат дека долго чекаат за активација на своите профили.

Поранешниот американски претседател не ја ни користи сопствената социјална мрежа, а откако се активираше, платформата наречена „Truth Social“  некако не работи баш најглатко.

Таа го имитира изгледот на Твитер мрежата и целта и е да ги осигура платформите за конзервативните гласачи кои сметаат дека нивната слобода на говор не е поддржана на Твитер, Мета и други канали. Пред регистрацијата на официјалното лансирање, преку 150 илјади потенцијални корисници чекале на листата за активација на профил – известува „Си-Ен-Ен“.

Оваа социјална мрежа е достапна на Apple Store апликацијата, но не и за корисниците на Android или корисници надвор од САД. Реакциите за најновата мрежа не стивнуваат, а прв „удри“ Твитер.

„Иронија, сите од „Тruth“ мрежата бараат помош од корисничката служба на „Твитер“ – вели еден корисник.

Неколку известувања за грешки, проблеми во процесот на пријава, и конечно ограничувањето при преземањето на апликацијата, ги наведе многумина да го проучат детално целокупниот нејзин развој и работење.

„За жал, социјалните мрежи живеат за конфликти“ – напиша потполковникот Адам Кизингер, на својот Твитер – профил. „Truth Social“ (кој е наречен така иронично) ќе биде здодевен и ќе пропадне, затоа што тоа ќе бидат само дронови и ботови хранети од Трамп. НО, ве моал, немојте да се враќате на вистинските социјални мрежи, ако од нив сте си заминале токму поради Трамп. Добивате една прилика – изјави тој.

Конгресменот Тед Лиу размислувал и за интерно функционирање на платформата, објаснувајќи дека ако мрежата не може да издржи навалица од нови профили, како би ги спречила евентуалните хакирања.

„Проблемите нема да бидат решени до крај на март. Што е со вработените, едниот потфрли, а другиот што му е братучед, е кодерот?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот