Фантом-пријавители по погребот на жртвите од „Пулс“ го бомбардирале Советот за етика во медиумите со 140 поплаки во еден ден
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) дента по погребот на жртвите од трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ примил 140 жалби за начинот на кој известувале медиумите, информираше извршната директорка Билјана Георгиевска. Таа додаде дека сите поплаки дошле од мејл-адреси направени за една употреба или од непостоечки телефонски броеви на кои не одговарал …

