Осомничениот Љупчо Палевски - Палчо со убиените Вања и Панче / Фото Колаж на СП / Социјални мрежи

Палчо со претставка и до Судскиот совет – се жалел од судијата

Љупчо Палевски – Палчо, осуден за грозоморното убиство на тинејџерката Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, поднел претставка пред Судскиот совет и се жалел дека судијата долго време ја немал напишано пресудата со која беше првостепено осуден на доживотна казна затвор.

Неговата претставка се најде на денешната седница на Судскиот совет, меѓу другите што се разгледуваа, но членовите ја отфрлија како неоснована.

Палевски всушност изразил незадоволство од постапувањето на судијата Ивица Стефановски кој го водел овој предмет, бидејќи пресудата што ја донесе на 25 јуни минатата година со која на доживотен затвор беа осудени Палевски, кој се товари дека им пукал во глава на жртвите и неговите тројца помагачи, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, ја немал изготвено подолго време.

Судијата доставил писмено известување до Судскиот совет во кое објаснува дека се работи за сложен предмет со многу докази и сведоци, дека постапувал и по други предмети и дека имал и здравствени проблеми. Пресудата била изготвена на 14 ноември и членовите на Судскиот совет ја отфрлија жалбата како неоснована бидејќи се работи за сложен предмет, а во периодот имаше и судска ферија, период кога судиите не постапуваат.

(Видео) Обвинителството не се откажува од гонење на таткото – единствено родителите знаеле дека Вања ќе оди сама на училиште

По доживотната казна Палевски се жалеше и пред Апелациониот суд и тој како и другите осудени бараат да се укине предметот и да се врати на повторно судење. Жалба до повисокиот суд поднесе и Обвинителството кое пак се жали на пресудата за таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, кој беше ослободен од вина за помагање во грабнувањето.
Девојчето и велешанецот беа прво грабнати, па свирепо убиени во 2023 година, но и покрај пресудата точните мотиви не беа откриени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот