Бруклин, Викторија и Дејвид Бекам - Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Нова бомба во драмата со Бекамови: Дејвид и Викторија заборавиле на кој датум е роден нивниот син Бруклин

Додека светот будно ја следи семејната драма на Бекамови, во расправијата се вклучи и Џими Гулзар – поранешниот сопруг на Мелани Браун, попозната како Мел Би од групата „Спајс грлс“ и поранешна колешка на Викторија Бекам, пишуваа „Дејли мејл“. Тој дополнително ја разгоре ситуацијата со тврдење дека Дејвид и Викторија во еден момент не можеле да се сетат на точниот датум на раѓање на нивниот најстар син, Бруклин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jimmy Gulzar (@jimmygstagecoach)

„Еј, Дејвиде, се сеќаваш ли колку се забавувавме кога дојде кај мене дома за твојата прва тетоважа? Датумот на раѓање на твоето првородено дете, долниот дел од левиот грб“, напиша Гулзар на Инстаграм, потсетувајќи на настан од пред неколку години.

Потоа додаде: „Единственото што ти и Викторија не можевте да го запомните беше самиот датум, па таа мораше да ѝ се јави на мајка ѝ за да бидете сигурни. Многу смешно, ама за тоа нема ни збор во твојата книга или во документарецот. Зошто?“

Холандскиот танчер, кој беше во брак со „Скери Спајси“ (Scary Spice) од 1998 до 2000 година, и претходно јавно го обвинуваше Бекам дека го копирал неговиот стил. Минатата година тврдеше дека дел од препознатливиот изглед на Дејвид на Светското првенство во Франција во 1998 година, љубовта кон готвењето, па дури и некои тетоважи, биле инспирирани токму од него. Исто така изјави дека бил контактиран да работи како негов стилист, но мистериозно ја одбил понудата.

Да потсетиме, Бруклин во понеделникот објави експлозивна изјава од шест страници во која порача дека не сака помирување со семејството и ги обвини родителите дека намерно се обидуваат да му ја уништат врската со сопругата Николa Пелц. Дејвид и Викторија засега не се огласија, но поранешната „Пош Спајси“ (Posh Spice) повторно се најде на врвот на iTunes-листите со свој стар соло-сингл.

Несудената золва на Никола Пелц Бекам со дрва и камења по неа: „Таа девојка е желна за внимание, ќе направи сè за да биде позната!“

ВИДЕО | Бруклин Бекам поради ова видео го блокирал целото семејство на Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот