Фото: Profimedia

Несудената золва на Никола Пелц Бекам со дрва и камења по неа: „Таа девојка е желна за внимание, ќе направи сè за да биде позната!“

Алана Хадид, сестра на поранешното момче на Никола Пелц, јавно го коментираше конфликтот меѓу Бруклин Бекам и неговото семејство. Бруклин во понеделникот објави подолга изјава во која, меѓу другото, ги обвини своите родители, Дејвид Бекам и Викторија Бекам, дека се обидувале да ја уништат неговата врска со Никола Пелц.

Алана, сестра на манекенките Бела Хадид и Џиџи Хадид, како и на Мариел и Анвар Хадид – кој беше во врска со Никола Пелц од 2016 до 2018 година – преку социјалните мрежи откри што мисли за неа. Таа одговори на коментар на фотографот Ели Резкалах, во кој се наведуваше: „Да ја завршиш тирадата од осум пасуси за валканите семејни работи со ‘сè што сакаме е приватност’ – тоа е сè што треба да знам“.

Алана се надоврза и напиша: „Така е, а таа девојка не сака приватност, со децении се обидува да стане славна“.

Ситуацијата во семејството Бекам, според медиумите, добива сè подраматични контури. Бруклин неодамна на Инстаграм порача дека, за жал, не му оставаат друг избор освен јавно да проговори.

Странските медиуми потсетуваат дека и семејството Хадид наводно имало проблеми со Никола за време и по нејзината врска со Анвар. Се појавија информации дека таа предизвикала „напнатости“ во нивниот дом, по што Анвар наводно престанал да комуницира со семејството. Романската врска започнала кога тој имал 17, а таа 22 години, а иако тогаш немало официјални извештаи, кружеле гласини дека Анвар се оддалечил од своите најблиски додека бил со Пелц.

„Сопругата на Бруклин Бекам претходно беше во врска со Анвар Хадид, а и тогаш тој престана да разговара со родителите. Јоланда Хадид рече: ‘Не додека сум јас тука’“, напиша еден корисник на платформата Икс.

Иако Никола претходно јавно зборуваше со пофални зборови за семејството Хадид, нагласувајќи дека доаѓа од „неверојатно семејство“ и дека ги обожава Џиџи и Бела, добрите односи не траеле долго. Како што објавија странските медиуми, со текот на времето односите се влошиле и останале „непријатни чувства“, особено откако Никола престанала да ги следи членовите на семејството на социјалните мрежи.

Дополнително, се наведува дека Јоланда Хадид наводно ги контактирала Дејвид и Викторија Бекам во екот на расправијата со нивниот син, токму поради сопственото искуство со „напнат“ однос со Никола, пренесува „Дејли мејл“.

Како што веќе беше објавено, Бруклин во својата изјава јасно порача дека не планира помирување со семејството и се осврна на коментарите дека е под контрола на сопругата. „Никој не ме контролира. За првпат во животот се залагам за себе. Целиот мој живот родителите ги контролираа приказните за нашето семејство во медиумите“, напиша тој. Додаде и дека наводно биле направени обиди да биде „поткупен“ за да се откаже од правата на своето име, како и дека „јавната промоција и спонзорствата се на прво место“.

„Брендот Бекам е на прво место“, напиша тој, додавајќи дека семејната „љубов“ се мери преку бројот на објави на социјалните мрежи. Бруклин откри и дека со години се борел со анксиозност, која, според него, исчезнала откако се оддалечил од родителите.

Меѓу најшокантните тврдења е и обвинувањето дека Викторија Бекам го „украла“ нивниот прв танц на венчавката во 2022 година. Како што тврди Бруклин, требало да танцува со Никола, но на сцената го пречекала неговата мајка, која „танцувала крајно непримерно пред сите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот