Нов случај на коронавирус во Олимпиското село: Чесите бараат одложување!

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Чешки репрезентативец во одбојка на песок е третиот спортист од Олимпиското село кој е позитивен на коронавирус, беше објавено денеска од неговиот тим.

Предводникот на чешката олимписка репрезентација, Мартин Доктор, најави дека ќе побара одложување на натпреварите се додека Перушиќ не добие негативен тест. Перушиќ беше вакциниран против коронавирус.

Тој е третиот жител од Олимпиското село кој е позитивен на ковид-19, откако во неделата беа откриени два случаи меѓу јужноафриканските фудбалери.

Пред да го соопштат позитивниот резултат на чешкиот спортист, организаторите на Олимписките игри изјавија дека во понеделникот се потврдени два нови случаи, а станува збор за медиумски работник и член на персоналот на организацијата. Тие ќе поминат две недели во карантин.

Бројот на лица заразени со вирусот корона е во пораст во Токио. Вонредна состојба е во сила во главниот град на Јапонија и околните префектури до 22 август.

Олимписките игри започнуваат во петок, а на навивачите им е забрането да присуствуваат на натпреварите.

Кои ќе бидат најголемите ѕвезди на ОИ во Токио: Новак, Дурент па сите останати

Со два нови случаи, вкупниот број на лица заразени со коронавирус од 1 јули меѓу луѓето кои учествуваат на Игрите или во организацијата на натпреварувањето сега е 60.

Тоа е резултат на тестирање на 22.000 луѓе кои пристигнале во Јапонија од 1 јули, од кои 4.000 ќе престојуваат во селото. На Олимписките игри се очекува да учествуваат 11.000 спортисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот