Кои ќе бидат најголемите ѕвезди на ОИ во Токио: Новак, Дурент па сите останати

фото: EPA/EFE

Олимписките игри се најголемиот спортски настан на кој речиси 12.000 спортисти од целиот свет се борат за вечна слава, односно нивното име да биде запишано во историјата како олимписки шампион.

Иако Игрите треба да се одржат во време на пандемија на коронавирусот и тоа кога дел од спортистите го откажуваат настапот, во Токио очите ќе бидат вперени во петте најголеми ѕвезди, Новак Ѓоковиќ, Кевин Дурент, Кејти Ледецки, Арманд Дуплантис и Елијуд Кипчоге.

Сигурно е дека Ѓоковиќ ќе биде не само наголемо име на тенискиот турнир, туку и едно од најголемите на Игрите, а во Токио доаѓа со цел да го нападне „златниот слем“, односно да триумфира на сите четири грен слем турнири една година и да го освои златниот медал на Олимписките игри. Работата ќе му биде олеснета со тоа што најголем дел од најдобрите тенисери одлучија да не настапат на Игрите во Токио, како Федерер, Надал, Тим….

Покрај Ѓоковиќ, најголема ѕвезда која ќе настапи на Игрите во Токио е предводникот на дрим-тимот, Кевин Дурент. Во период кога голем број НБА ѕвезди се откажаа од настапот на Олимписките игри, селекторот на САД Грег Попович ќе може да смета на кошаркарот за кого нема одбрана, Кевин Дурент. Дурент со задоволство го прифати повикот за да настапи на Игрите и да го освои златниот медал на кошаркарскиот турнир, по двете разочарувачки сезони во НБА лигата.

Најголема ѕвезда кај дамите кои ќе учествуваат на Игрите, без конкуренција е американската пливачка Кејти Ледецки. Ледецки на претходните ОИ во Рио де Жанеиро овои четири златни медали, а има и едно злато од Игрите во Лондон 2012 година, и сето тоа го оствари како аматерка. Ледецки од 2018 година е професионална спортиска и во Токио доаѓа како најдоминантна пливачка на светот.

Атлетиката е еден од најпопуларните спортови на Олмписките игри, па и во Токио нема да биде поинаку. Сите очи во атлетиката ќе бидат вперени кон светскиот рекордер во скок со стап, Арманд Дуплантис. Младиот Швеѓанец иако има само 21 година и во Токио ќе дебитира на Олимписките игри, исто така ќе има можност да му покаже на светот дека во наредната деценија тој ќе биде најголемата ѕвезда во атлетиката, иако уште сега го заслужи тој епитет со соборувањето на светскиот рекорд во скок со стап.

Петтата најголема ѕвезда во Токио ќе биде Елијуд Кипчоге кој за многумина е најдобриот маратонец во историјата. Кипчоге на Токио има една цел, на 36 години со златен медал и статус на олимписки шампион да ја заврши кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот