Ники Минаж поради плагијат на колешката мора да и исплати отштета од речиси половина милион долари

Фото: Профимедиа

Пејачката Ники Минаж (38) и Трејси Чепмен (56) и ставија крај на тешката судска битка која трае од 2018 година, која настана поради тоа што раперката во својата песна „Sorry“, неовластено користела дел од песната „Baby Can I Hold You” од кантавторката Чепмен од 1988 година.

Пејачките се спогодиле, а Минаж на Чепман сега мора да и исплати 450.000 долари отштета, со што е завршена правната битка која траеше две години, пишува Дејли Мејл.

Трејси песната ја сними во 1988 година, а делови од текстот и мелодијата ги препознала во песната на популарната раперка Ники Минаж. Кантавторката потоа поднела тужба за кршење на авторските права поради песната „Sorry“ од 2018 година.

Фото: Трејси Чепмен

„Песната „Sorry“ за малку не влезе во албумот на Минаж „Queen“. Минаж и нејзините менаџери поднесоа повеќе барања за лиценцирање на песната „Sorry“ во текот на летото во 2018 година, иако Минаж веќе ја сними својата верзија „без побарана дозвола и лиценца“, беше наведено во обвинението.

Трејси ги одби барањата, и по бараната отштета судот пресуди во нејзина корист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот